еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

По цена од 53 евра за мегаватчас струја ЕСМ ќе ја продава својата струја до крајот на годината

ЕВН Хоме како Универзален снабдувач на електрична енергија, на денешниот тендер за набавка на електрична енергија за задоволување на потребите на корисниците за периодот јули-декември 2023, доби само една понуда од АД ЕСМ, информираат од компанијата.

„АД ЕСМ и понуди на ЕВН Хоме купопродажна цена на електрична енергија од 53 евра за мегаватчас, за покривање на 100% од вкупно планираните количини. Оваа цена е за околу 5,35% пониска од претходната која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач (јануари-јуни 2023), кога АД ЕСМ понуди купопродажна цена од 56 евра за мегаватчас.

За цената на електричната енергија на ЕВН Хоме во наредниот период ќе одлучува Регулаторната комисија за енергетика, а таа ќе зависи од повеќе влезни параметри, како што се: цената по која АД ЕСМ ја продава електричната енергија на ЕВН Хоме, цената на Преносниот систем оператор МЕПСО, цената на Операторот на пазар на електрична енергија МЕМО, како и цената на Дистрибутивниот систем оператор Електродистрибуција,“ се вели во соопштението.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Пациентот кому завчера му беше трансплантирано срце, закрепнува по операцијата

Редакција

Кипар ја премести Македонија од зелената во портокаловата категорија за патување

Редакција

Инвестиција од над 50 милиони евра: „Интернешнал фреш фуд“ ќе произведува домашно пилешко месо

Редакција