еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Пациентот кому завчера му беше трансплантирано срце, закрепнува по операцијата

Пациентот кому завчера му беше пресадено срце се чувствува добро и закрепнува по успешно изведената трансплантација.

– Сашо се чувствува добро по извршената трансплантација на срце. Тој е контактибилен и се опоравува. Од голема важност е постоперативниот период. Му посакувам многу здравје и што побрзо да се врати на вообичаените животни навики, објави министерот за здравство Венко Филипче утрово на Фејсбук.

Ова беше шеста трансплантација на срце во земјава од мај минатата година. Донор на срцето  е млада пациентка кај која во вторникот на КАРИЛ и била дијагностицирана мозочна смрт, а нејзиното семејство одлучило да ги донираат нејзините органи.

Филипче пред два дена објави дека млада пациентка се подготвува да прими бубрег од донорот и дека ќе бидат експлантирани и коскени ткива.

– Голема благодарност до семејството за нивниот хуман гест. Да се мисли да се спаси туѓ живот во моменти кога се губи животот на најблискиот е храброст и човечност кои немаат цена, напиша Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Срце и бубрег ќе бидат трансплантирани од млада пациентка, на која и е дијагностицирана мозочна смрт

Заврши трансплантацијата на срце кај 53-годишен пациент од младата почината пациентка

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

2,8 милиони евра заштеда кај 40 фирми кои добиваат струја од РЕС

Редакција

Нема договор за минималецот, ако нема промена до среда ќе има штрајк

Редакција

Големиот број на експлозивни средства го отежнуваат гаснењето на пожарот на Галичица

Редакција