еМагазин
Image default
Бизнис

Скопски пазар со драстично зголемување на добивката во првото полугодие

Скопски пазар АД Скопје за периодот јануари – јуни 2023 оствари позитивен финансиски резултат искажани во неревидираниот и неконсолидиран Биланс на успех, информираат од таму преку Македонската берза.

-Остварените вкупни приходи во периодот јануари – јуни 2023 година изнесуваат 185.518 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2022 година бележат зголемување од 24%.

Остварените вкупни расходи во периодот јануари – јуни 2023 година изнесуваат 125.197 илјади денари и во споредба со истиот период од 2022 година бележат зголемување од 3%. Растот на расходите се должи пред се на оперативните расходи согласно зголемените оперативни активности.

Скопски пазар за периодот јануари – јуни 2023 година оствари добивка од 60.321 илјади денари, што преставува зголемување за 117% во однос на истиот период од минатата година, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Добивката на Скопски пазар во првиот квартал пораснала за 635%

Скопски пазар лани со добивка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стареењето на општеството е главна причина за недостиг на работна сила

Редакција

ЕСМ склучи договор со Марковски компани вреден 767,4 илјади евра

Редакција

Зоран Здравев на местото на Јасмина Цветаноска во Одборот на директори на „Европа“

Редакција