еМагазин
Image default
Бизнис

Добивката на Скопски пазар во првиот квартал пораснала за 635%

Скопски Пазар АД Скопје за периодот јануари – март 2023 година оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидиран и неконсолидиран Биланс на успех, соопшти компанијата преку Македонската берза.

-Остварени вкупни приходи во периодот јануари – март 2023 година изнесуваат 111.800 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2022 година бележат зголемување од 49%.

Вкупните приходи се од тековното редовно работење на компанијата.

Скопски Пазар АД Скопје за периодот јануари – март 2023 година оствари добивка од 46.968 илјади денари, што преставува зголемување од 635% во однос на истиот период од минатата година.

Вкупните расходи за периодот јануари – март 2023 година изнесуваат 64.832 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2022 година бележат намалување од 4%.

Намалувањето на вкупните расходи се должи на намалување на финансиските расходи, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопски пазар лани со добивка

Скопски пазар со намалена добивка во првите девет месеци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пазарот за природен гас и од 1 јануари ќе продолжи да функционира, уверува Бислимоски

Редакција

Комерцијална банка ја зголеми добивката за 64,7%

Редакција

Какви се очекувањата на Комерцијална банка за претстојниот период?

Редакција