еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Лани 22 работници загинале на своите работни места

Секоја година на 28 април се одбележува Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, кој е воедно е и Меѓународен ден на комеморација и споменување на сите работници кои своите животи ги изгубија поради повреди на работа и професионални болести.

Во фокусот на овогодинешното одбележување е безбедна и здрава работна средина како основен принцип и право на работа.

Македонското здружение за заштита при работа, традиционално, почнувајќи од 2008 година, по повод 28 април, објавува Годишен извештај за несреќи при работа.

„Извештајот за несреќи при работа е независен, а како извор за добивање на податоци за несреќите при работи, пред се, се користени информациите објавени во медиумите во Македонија во рамки на тековната година.

Податоците за 2022 година потврдуваат дека се гине на работните места! Во нивна чест и сеќавање, на 28 април, го започнавме проектот за создавање на најмалиот парк на светот, во кој ги посадивме фиданките од дрвцата во спомен на загинатите работници во текот на претходната календарска година.

Тоа ќе го повториме и оваа година. Во среда 28 април 2021 година со почеток во 11:30 часот во паркот на последната автобуска постројка со број 5, Ново Лисиче, Општина Аеродром, ќе бидат засадени 22 дрвца, бројот на новите садници го отсликува бројот на загинатите на работното место во текот на 2022 година,“ се вели во соопштението.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачки видеа) Објавени потресни снимки од почетокот на нападот на Хамас на Израел

Редакција

Границите со Грција остануваат затворени до 8 ноември

Редакција

Многу мостови низ Македонија опасни по безбедноста на граѓаните

Редакција