Од вкупно регистрирани 474 јавни основни и средни училишта во државата, за снабдување со субвенционирана електрична енергија преку ЕСМ Продажба се пријавиле 309 училишта и истите веќе се снабдуваат од 1.12.2022 година, информираат од ЕСМ Продажба.
-Од вкупно 70 регистрирани водостопански и комунални претпријатија кои работат со пумпни или пречистителни станици, се пријавиле и се снабдувани 51.
Субјектите од овие две категории кои не поднеле документи или поднеле некомплетни документи, можат да се пријават со комплетна документација до 20.12.2022 година и да бидат снабдувани преку ЕСМ Продажба од 1.1.2023 година.
Во следните денови ќе бидат објавени и субјектите од прехранбената индустрија со шифри на дејноста опфатени во одлуката од Владата, кои веќе се снабдуваат преку ЕСМ Продажба.
И за прехранбената индустрија важат истите правила за пријавување со цел снабдување од 1.1.2023 година, велат од таму.
Фото: МИА