еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува да расте бројот на заразени со Ковид -19 во Дебар

Расте бројот заразени од Ковид – 19 во Дебар, состојба која општинскиот Оперативен штаб ја оценува како загрижувачка.

Во изминатото деноноќие регистрирани се шест новозаразени лица, со што вкупната бројка сега изнесува 116 лица, од нив три од Центар Жупа. Од нив 48 се излекувани, четворица починаа, додека активни се 64 случаи.

Поголемиот број од заболените се од втората фаза на пандемијата или 65, од нив повеќето припаѓаат на помладата популација.

– Апелираме до граѓаните и деловните субјекти да ги почитуваат препораките за заштита од опасниот коронавирус. Бројките на заболени кои зборуваат за пандемиската состојба се многу загрижувачки. Не заборавајте и бидете внимателни, носете маски, одржувајте физичка дистанца и вршете дезинфенција на рацете, заради ваша и заштита вашите најблиски и државата, стои во апелот на штабот.

Оттаму посочуваат дека пандемијата е широко распространета во државава и во Општина Дебар „каде што секој ден се појавуваат лица со сомнителни симптоми на Ковид-19“.

– До сега, во втората фаза од пандемијата, од Општина Дебар немаме жртви, но имаме пациенти кои се во сериозна здравствена состојба и се лекуваат на скопските клиники. Исто така, имаме и пациенти кои амбулантски се лекуваат во Општата болница во Дебар. Лесните случаи се третираат во домашни услови, наведува дебарскиот Оперативен штаб.

Апел на строго почитување на мерките за заштита упати и Крзниот штаб на Општина Центар Жупа.

МИА/Фото: Општина Дебар

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Четири новозаболени од Ковид 19 во Куманово, сите познати кластери

Детален преглед: Бројот на активни случаи на корона вирусот во скопските општини има мало намалување

Починаа нови пет нови лица од корона вирусот, вкупната бројка изнесува 351

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се преслушуваат 25 снимени разговори на новото рочиште за „Монструм“

Редакција

По заканите за живот, МВР патролно го обезбедува Митко Јанчев

Редакција

Претседателот на Судскиот совет, Караџоски повикан во Обвинителството

Редакција