еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува црниот биланс: Во велешката болница четворица починати од Ковид-19

Во велешката Општа болница хоспитализирани се вкупно 68 пациенти од кои 60 потврдени позитивни, шест сомнителни и двајца со негативни тестови.

Од нив 31 пациент се на кислородна поддршка. Како што информира портпаролот д-р Весна Неделковска Николова, Инфективното одделение со 54 пациенти е целосно потполнето.

На Физикална кое е второ Ковид одделение со 25 кревети сместени се десет пациенти и има се уште слободни кревети.

На Интерно „Б“ крак се лекуваат четири пациенти, а кои се со последици по веќе прележан Ковид.

Инаку денеска од велешката болница испишани како оздравени се четворица пациенти со по еден негативен тест.

Продолжува и црниот биланс на починати во велешката болница. Починаа уште четворица пациенти од Велес. Вчера околу 18:00 часот починал маж на 68 години примен пред три дена, а после полноќ починале двајца мажи, еден на 59 години и еден на 68 примени пред два дена. Утринаа починал и пациент на 66 години примен пред три дена.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Има документ за договор, се чека согласност од Бугарија, вели Османи

Редакција

Силен земјотрес во Албанија почувствуван во неколку градови во Македонија, во Дебарско останаа без сон

Редакција

Латас на суд: Нови рочишта за „Тревник“ и „Тарифа“ на СЈО

Редакција