еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува судењето за „Таргет-Тврдина”

Со презентација на сведоци денеска во Кривичен суд Скопје, продолжува рочиштето за предметот „Тврдина-Таргет”, каде меѓу првите обвините се поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков.

На вчерашното рочиште за овој предмет сведочеа стручни лица од телекомуникацискиот сектор кои во периодот од 2008 до 2015 година како лица за поддршка имале пристап до системот за следење на комуникации во УБК на МВР.

Вработен во Ериксон Телекомуникаци Македонија, сведокот Момир Малетиќ, како сведок предложен од Обвинителството, рече дека на 28.10.2016 било направено испитување на системот за следење на комуникаците по барање на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), односно по ова проверка која ја вршел експерт на Ериксон било констатирано дека се архивирани серверите на ЛИИМС.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби за 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани. 

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сè уште трае истрагата за избеганиот затвореник од Идризово

Редакција

Убава вест: Оздравени четворица болни од Ковид-19

Редакција

Хан: Ни треба државништво, а не партиски игри

Редакција