еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Десетина граѓани се јавиле во Обвинителство со сознанија за Онкологија, тројца пациенти ќе имаат увид во постапката

Надлежниот јавен обвинител денеска бил телефонски контактиран од десетина граѓани кои сакаат со свои сознанија да и помогнат на постапката за случајот „Онкологија“, соопшти Јавното обвинителство (ЈО).

Обвинителството, пак, денеска ќе побара од неформалната организација преку која пациентите ги изнесуваат своите барања да избере тројца онколошки пациенти кои во текот на целата постапка ќе имаат директен увид во прибраните докази и во преземените дејства.

Како што наведува ЈО, Основното јавно обвинителство Скопје ќе преземе дополнителни чекори за обезбедување максимална транспарентност и отчетност на постапката за случајот „Онкологија“, зашто со предметот што се води се испитува евентуална повреда на највисокото уставно загарантирано право на здравствена заштита.

„Врз основа на барањето на онколошките пациенти изнесено на средбата која се одржа на 7 септември, Обвинителството денеска ќе побара од неформалната организација преку која пациентите ги изнесуваат своите барања да избере тројца онколошки пациенти кои во текот на целата постапка ќе имаат директен увид во прибраните докази и во преземените дејствија.

Пациентите ќе треба претходно да потпишат изјави со кои ќе се гарантира тајноста на постапката и на личните податоци во кои ќе имаат увид. Начинот на избор на пациентите е оставен на нивните претставници кои го изнесоа ваквото барање.

Претходно, Основното јавно обвинителство Скопје ги охрабри сите граѓани кои имаат сознанија во врска со овој предмет, да ги пријават на надлежните органи. Во текот на денешниот ден, надлежниот јавен обвинител телефонски го контактираа 10-тина граѓани, кои сакаат со свои сознанија да и помогнат на постапката, информира ЈО.

Во соопштението се додава и дека Јавното обвинителство ги презема сите дејства за обезбедување докази со цел проверка на наводите во овој предмет. Во таа насока, нагласува, од самиот почеток е вклучен и лекарски и друг медицински персонал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите сте знаеле за криминалот на Онкологија, а ништо не сте направиле, замолчете!

Каков имот пријавил поранешниот директор на Онкологија, Васев, кој се суди за пациент кој починал, откако не му препишал лек

Каков имот пријавил Нехат Нуки, поранешниот економски директор на Онкологија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

30,1% од заболените со Ковид-19 со претходни заболувања, најчесто кардиоваскуларна болест

Редакција

Четри нови случаи заразени и двајца излекувани од коронавирусот во Кичево

Редакција

Бугарија со груби обвинувања за Македонија: Нема ЕУ со наследен тоталитарен историски наратив

Редакција