еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува судењето за „Титаник“

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да се одржи ново рочиште за случајот „Титаник“, кој се однесува на изборни нерегуларности.

Ова е прво рочиште по назначувањето на нов судија – поротник, откако Судскиот совет неодамна разреши двајца судии – поротници, кои беа дел од судечкиот совет на неколку предмети од поранешното Специјално јавно обвинителство, поради навршени 60 години возраст.

Случајот се наоѓа во фаза на доказна постапка и го води судијата Осман Шабани, додека обвинението го застапува обвинителката Лиле Стефанова.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 76 лица заболени од корона вирусот: Шест новозаболени, меѓу кои брачна двојка од Кавадарци

Редакција

Како што Македонија и Грција можеа да го надминат спорот, така и Бугарија да ги зајакне напорите и да го направи истото, изјави Вархеји во видео-обраќање на „Преспа форум за дијалог“

Редакција

За 30,9 проценти намален бројот на позитивни случаи на Ковид-19

Редакција