еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Продолжува топлиот период, денеска сончево време со засилен ветер

Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со мала локална облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец, наместа со брзина и над 50 km/h.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 19, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Од Управата за хидрометеоролошки работи известуваат дека ќе продолжи периодот на релативно топло време со свежи утра и со повремена умерена облачност.

Во четврток ќе има делумно зголемување на облачноста и услови за краткотраен локален дожд.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По кратко боледување, на 35-годишна возраст почина штипскиот хирург Симон Василев

Редакција

„Mајмунски“ обид за повторен страв кај населението, слободно планирајте си летни одмори, вели Беќаровски за „мајмунските сипаници“

Редакција

Како тие што постат, да ги прослават новогодишните празници

Редакција