еМагазин
Бизнис

Продолжува трендот на раст на извозот и пад на увозот

Државниот завод за статистика (ДЗС) објави дека вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари – септември 2023 година, изнесува 6.240.474 илјади евра и бележи пораст од 1.4 % во однос на истиот период од претходната година.

Вредноста на увeзената стока, пак, во истиот период, изнесува 8.246.013 илјади евра, што е за 8.4 % помалку во споредба со истиот период лани. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – септември 2023 година, е 2.005.539 илјади евра.

Според податоците на ДЗС, покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – септември 2023 година, изнесува 75.7 %.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, електричната енергија и плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени.

Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали.

Во периодот јануари – септември 2023 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

A1 Македонија заедно со Триглав Осигурување: Со A1 Combo за прв пат и осигурување на домот

Редакција

Извозот намален за 5,5%, увозот за 0.5

Редакција

Цените на становите во Скопје продолжуваат да растат

Редакција