еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Музејот на УЧК во Сопот не е на приватен имот, туку на државно земјиште и е дивоградба, велат од Општина Куманово

Музејот на терористичката УЧК не е на приватен имот, како што изјави премиерот Димитар Ковачевски, велат од Општина Куманово, од каде посочуваат дека вонредниот инспекциски надзор на градежен инспектор од Општината утврдил дека станува збор за дивоградба, изградена на државно земјиште.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На приватен имот бил музејот на УЧК во Сопот, вели Ковачевски

Општината, како што информираше градоначалникот Максим Димитриевски нема издадено документација за градба.

– Истиот е изграден на државно земјоделско земјиште, коешто во имотниот лист број 117 од катастарска општина Сопот, се води на парцела 963. Целиот објект е дивоградба и Општина Куманово нема издадено никаква документација во врска со градба на овој објект.

Од страна на надлежна инспекциска служба е направен записник. Записникот е насочен кон НН лице, бидејќи од присутните лица таму никој не се пријавил дека е инвеститор или пак сопственик на објектот. Истиот записник е истакнат на огласна табла, вели Димитриевски, кој најави и пријава до Министерството за внатрешни работи.

– Во рок од три дена додека трае постапката паралелно ќе доставиме пријава и до полиција да се открие НН сторителот на ова кривично дело и веднаш по затворање на записникот и истекот на рокот ќе биде процесуирана кривична пријава против сторителот, во овој случај НН лице.

Но, дополнително добив информации и од Секторот за урбанизам дека за оваа предметна парцела исто така е поднесено барање во 2018 година за легализација од страна на физичко лице и сите тие документи ќе ги доставиме како предмет на идната истрага, вели ток.

За изјавата на Ковачевски, вели дека службите треба подобро да го информираат.

– Мислам дека треба подобро да го информираат службите со коишто непосредно соработува, но ме изненадува и молкот на други надлежни институции, како што во овој случај е МВР, чиишто обврски согласно законот и согласно Уставот се да го штити уставниот поредок на државата и кога некој поттикнува меѓуверска, меѓуетничка, меѓунационална конфронтација да го санкционира истото. Молкот од надлежните институции е повеќе од срам, бидејќи интегритетот на државата мора да се заштити, вели Димитриевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) „Исчезна“ плочата со картата на „голема Албанија„ во музејот на УЧК во Сопот

(Фото) Има ли дозвола за градба музејот на УЧК во Сопот, во кој виси и картата на „голема Албанија„

Фото: Ахмети/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупни затворски казни од 55 години и 10 години условни казни за 11 обвинети во „Таргет-Тврдина“

Редакција

Немаме доволно инспектори, а Министерството за финансии го одби барањето за 20 вработувања, се пожали Пауновски

Редакција

(Галерија) Протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за здравство: Се бара оставка од Венко Филипче

Редакција