еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Галерија) Протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за здравство: Се бара оставка од Венко Филипче

ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа протест пред Министерството за здравство во знак на револт поради начинот на кој Владата се справува со пандемијата од Ковид-19. Протестот почна со едноминутно молчење во знак на почит кон 3.860 починати граѓани од Ковид-19.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека се покажале сите слабости на системот, дека власта не набавила вакцини навремено и дека затоа Македонија е рекордер по заразени и починати од Ковид-19, изјавија говорниците на протестот.

Побараа оставка од министерот за здравство Венко Филипче.

Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на протестот рече дека Министертвото за здравство е раководено од министер за мото трки, а не од министер за здравство.

„Знам дека тој нема душа и срце да го разбере нашиот револт и нашиот ризик да протестираме во ек на најголема пандемија. Знам дека тој има срце и душа само за пусти пари, знам дека нема ни срам, нема ни жал, ни доблест да се извини или не дај боже да се повлече.

Напротив тој дури проба да ја префрли или сподели одговорноста. Напротив тој си се вози со мотори низ Македонија, а Македонија мака мачи и плаче и што е најстрашно и најпонижувачки, друштво му прави и Зоран Заев“, рече таа.

Дарко Костовски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешниот протест пред Министерство за здравство рече дека Зоран Заев и Венко Филипче се сигурно најнеспосoбните политичари во историјата на Република Македонија.

„Тоа дополнително ја комплицира ситуацијата и токму затоа луѓето се креваат на протести сѐ до оној момент додека овие луѓе не заминат на темната страна на политичката историја, а тоа ќе биде многу наскоро.

Гледаме се возат со хелихоптери, се возат со мотори… тоа најчесто доаѓа кога ќе изгубите тло под нозе, кога нема да имате реална слика“, рече Костовски.

Фото: Фејсбук/ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Собрани еден милион евра за настраданите подрачја во Турција и Сирија

Редакција

„АстраЗенека“: Вакцини против новите видови коронавирусот до есен

Редакција

Следен чекор е карантин, ако новите мерки не дадат резултат, најави Филипче

Редакција