еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Собрани еден милион евра за настраданите подрачја во Турција и Сирија

Црвениот крст со свечен чин ја заокружи кампањата за помош и поддршка за настраданото население во Турција и Сирија.

На 20 март во х. Холидеј Ин се одржа свечен настан кои присуствуваа премиерот на Владата, Димитар Ковачевски, министри, амбасадори, бизнис секторот, градоначалници, донатори и други поканети гости.

Генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити нагласи дека хуманоста не се кажува, туку покажува и докажува, таа не се импровизира туку до срце се практикува. Нашите граѓани, како што потенцира, докажаа хуманост на дела изминатиот период и сочувство со населението во Турција и Сирија.

„Животот често е исполнет со болка, тага, незадоволство, тешкотии и не тера да размислиме дали има причина и колку може да бидеме хумани и човечни, но останува за миг да заборавиме на себе и да помислиме на другите, само така ќе ја дознаеме потребата од тоа да се биде добар.

Многу поблиску до човековата природа се добрите дела, а не злото и затоа не смееме да веруваме дека живееме во нехумано општество. Во наредниот период продолжуваме да работиме на обезбедување подостоинствен живот на оние на кои им е потребна поддршка,“ изјави Саити.

Турскиот амбасадор во земјава, Мехмет Секизќок во неговото излагање изрази благодарност до македонскиот народ потенцирајќи дека веднаш се мобилизиравме во овие тешки и тажни денови на Турција.

„Обединети во едно срце, јавните институци, невладиниот сектор, бизнис заедницата, образовните институции, млади и возрасни, сите помогнаа за настраданите од погодените региони.

Не може да ги вратиме назад изгубените животи, но со сета можна сила ќе работиме на закрепнување на раните на оваа природна катастрофа. Одново ќе ги изградиме разурнатите градови и училишта,“ изјави Секизќок.

На настанот се донираа средства од компанијата Алма М со што се заокружи целта на настанот со вкупно 61.000.000 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Џијан Емин со фантастичен настап во Нови Сад со проектот „La Vie En Rose“

Редакција

„Владеењето на кралицата Елизабета Втора ги опфати вселенските летови пред Спутник и Експлорер 1“, напиша НАСА по повод смртта на Елизабета Втора

Редакција

Владиното парламентарно мнозинство ќе се зголемува, тврди Груби

Редакција