еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Владиното парламентарно мнозинство ќе се зголемува, тврди Груби

Ситуацијата е стабилна, Македонија е безбедна, патот на Македонија во Европската Унија е загарантиран и убеден сум дека пратениците кои увидоа дека беа ставени во заблуда ќе дојдат во парламентарното мнозинство. Владата е стабилна, изјави денеска првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.

– Ова парламентарно мнозинство, оваа Влада опстои и шансата да се добие датум за отпочнување на преговори на 14 декември веќе е реална.

Сметам дека парламентарното мнозинство и пратениците кои поддржуваат евроатлантска Северна Македонија ќе расте и убеден сум дека во деновите пред нас и други пратеници ќе се придружат на ова парламентарно мнозинство, кое ќе расте и ќе опстои за да ја спроведе програмата што ја поддржаа граѓаните на парламентарните избори, нагласи Груби.

Одговарајќи на новинарски прашања, Груби рече дека Левица е таа што правела притисок врз пратениците да не ја искажат својата волја.

– Јас не верувам дека во тие политички партии нема пратеници кои не сакаат Македонија да се зачлени во Европската Унија и да ги отпочне преговорите.

ДУИ и ниту еден нејзин член нема вршено никаков притисок врз ниту еден од пратениците, напротив жалиме што тие политички партии ги ставија во заблуда своите пратеници и ги ставија во функција на уништување на европската агенда, истакна првиот вицепремиер.

Груби, како што рече, се надева дека повеќе нема да им се врши притисок на пратениците и оти ќе ги остават да си гласаат по свои убедувања.

– Се надевам дека лидерите на тие партии ќе им дозволат на своите пратеници да гласаат и да поддржуваат по лично убедување, додаде Груби.

Тој нагласи дека се во комуникација со сите партии, освен со Левица со која немаат никакви контакти и нема ни да имаат.

– Сите тие пратеници коишто се определени да ја видат нашата држава зачленета во ЕУ ќе дојдат во парламентарното мнозинство, рече Груби, додавајќи дека решението е сите пратеници и политички партии кои поддржуваат европска Северна Македонија да дојдат во парламентарното мнозинство и да ја поддржуваат актуелната Влада.

МИА/Фото: Фејсбук/Груби

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Португалија против фиксни датуми за проширување на ЕУ

Редакција

Се пребаруваат речни корита и канали: Стотина ловци и граѓани во потрагата по исчезната Марија Брзакова од Босилово

Редакција

Поскапува само мазутот, цената на бензините и дизелот останува иста

Редакција