еМагазин
Image default
Забава

„Проект калабалак“ – журка по мерка до раните утрински часови во Радовиш

Шестото издание на електронскиот музички фестивал „Проект калабалак“ се одржа во саботата под силни протоколи на заштита од коронавирусот. Публиката беше во значително намален број поради ограничувањата за присуство на настани, а пред настанот им се мереше и температура на сите посетители.

Организаторот, здружението на граѓани „Experience in music“ им овозможи одлична атмосфера и забава на посетителите под отворено небо на паркингот „Орел“. Фестивалот успеа да собере 800 посетители според рестрикциите во однос на бројот на посетители поради тоа што максимално се почитуваа здравствените протоколи за одржување вакви настани.

Легендата на белградската и балканска техно-сцена Марко Настиќ и грчкиот диџеј Dino MFU беа ѕвездите на неколкучасовниот музички спектакл, со поддршка на најдобрите домашни диџеи – веќе докажаниот и еден од најдобрите во Македонија – диџеј Никифор, диџеј Ампов и диџеј Marsabb.

Целта на „Проект калабалак“ по шести пат беше да се реализира спектакл кој ќе предизвика поинакво музичко доживување за љубителите и познавачите на електронската музика.

Првото издание беше во 2015 година и остави голем впечаток кај љубителите на електронската музика од Источна Македонија.

Фестивалот се одржува со поддршка на општината Радовиш и на Министерството за култура.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Атиџе доби портрет изработен од коса

Редакција

Водителката Елена Стефановска ќе го тужи колегата Сергеј Варошлија

Редакција

Во петок започнува петтото издание на музичкиот фестивал Андерфест Скопје

Редакција