еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Во петок започнува петтото издание на музичкиот фестивал Андерфест Скопје

Музичкиот фестивал Андерфест ќе се одржи по петти пат на 13. октомври 2023 година во Младинскиот културен центар (МКЦ).

На овој јубилеј публиката ќе може да ужива во музиката од алтернативната, рок, панк рок, метал, хардкор сцената од нашата држава, која ќе покаже дека е одлична и има што да понуди, информираат организаторите.

-Од најавените бендови сите се одлично познати на македонската публика. Се работи за актуелни музички имиња, за кои организаторите очекуваат многу публика и ветуваат забава, велат од таму.

На Андерфест 5 ќе настапат: Преку ред, Ред 18, Конспираси, Луфтанза, Пич Ваис и Последен удар.

Продажбата на карти за концертот e започната и истите можете да ги набавите преку следниот линк: bileti.mkc.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Студија: 11% од израелските деца кои се заразиле со коронавирусот сега страдаат од „долгорочни ефекти на Ковид-19“

Редакција

Бугарија пред нови избори, Трифонов го повлече предлогот за избор на нова влада

Редакција

За една недела со Ковид-19 заразени 69 лица до 19 години

Редакција