Професорот на Технички факултет во Битола, Дејан Трајковски кој на неговиот Фејсбук-профил секојдневно прави анализи за трендот на заболени, се осврна на смртноста од Ковид-19 во Македонија.
„Да не се залажуваме, доколку сметаме со пореалниот број на жители (околу 1,8 милиони), кумулативниот морталитет во Македонија изнесува 1.665 умрени од ковид на милион жители, со што се наоѓаме на 6. место во светот, веднаш по Чешка.
Овој ужасен резултат тешко може да се избрише.
Инаку, првите 17 места на оваа светска ранг листа ги држат европските земји и САД. Дали има поубедлив доказ дека политиката на соживот со вирусот е тотално промашена?,“ напиша тој на неговиот Фејсбук-профил.
Фото: МЗ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.