еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Проф.Трајковски: „Многу сум лут на нашите здравствени власти што не ми го признаваат доказот за антителата како рамноправен со втора или трета доза вакцина“

Многу сум лут на нашите здравствени власти што не ми го признаваат доказот за антителата како рамноправен со втора или трета доза вакцина, поради што не смеам да патувам во странство, а имам вистинска потреба за тоа, пишува проф. Дејан Трајковски во неговата анализа за вакцините и прележаните од Ковид-19.

„Ниту една вакцина сама не може да постигне ваков висок титар на антителата како заразување после примена прва доза. Инаку, само прележување без „прајмување“ со прва доза вакцина не дава вакви високи титри и потребна е вакцинација за да се постигне истото зголемување.

Познато е дека при секундарна (повторена) инфекција титарот на антитела е за 100 пати (2 реда на големина) поголем отколку после примарната инфекција или вакцината.

Нашите здравствени бирократи, кои со својата несериозност и непромисленост предизвикаа најголема одвишна смртност на милион жители на светот, тоа не ми го признаваат и ме тераат прерано да се вакцинирам со втора доза и потенцијално да се изложам на ризик од автоимуна болест.

За среќа, го знам тоа и ќе се воздржам некако од патувања уште една година. Во меѓувреме, се надевам дека ќе им го видам грбот, а можеби и епидемијата ќе влезе во фаза на смирување и ќе бидат укинати овие бесмислени ограничувања.

Во последно време има многу случаи како мојот (вакцинирани со една доза, па заразени и прележани) и ова што ни се прави е навистина неприфатливо. Најмалку што можат да направат е да ни се извинат и да ги признаат уверенијата за антителата како рамноправни со ПЦР тестот, а дури повредни од самата вакцина (доколку е без доказ на антителата),“ пишува Трајковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Проф.Трајковски: „Расте прележаноста од Ковид-19 и помал е ризикот од големо избувнување на пандемијата во текот на есента“

Доктор Пановски: „Кој ќе биде одговорен за присилување на вакцинација само за добивање на сертификат, изгледа како злосторство“

Доктор Пановски: „Не ги малтретирајте прележаните, дајте им 12 месеци рок да се вакцинираат, дајте им сертификат“

Фото: Фејсбук/Трајковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МЗ: Шеесет и едно лице во Скопје заразени со жолтица, меѓу нив ученици од основни и средни училишта

Редакција

УХМР: Вечерва можни интензивни врнежи, претпазливо движење покрај помалите реки и суводолиците

Редакција

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски стана татко

Редакција