еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Производите на „Икеа“ може да се купат во продажен центар во Делчево

Со отварањето на центарот за нарачки odIKEA во Делчево, бул. Македонија бр.12, шведската компанија ИКЕА која е светски бренд за мебел и производи за домаќинство, сега е поблиску до граѓаните на Македонија.

Центарот за нарачки има своја веб страница www.odikea.com, преку која можете да направите нарачка на продукти од целиот асортиман на ИКЕА. Самиот сајт е прилагоден за лесна, јасна и едноставна креација на нарачки, преглед и избор на производите по нивните уникатни интернационални кодови, како и објаснување за текот и процесот на нарачка.

Доставата на продуктите е брза и сигурна и најчесто се извршува до следиот работен ден, а плаќањето се врши во моментот на преземање на пратката. Доставата на поголеми нарачки се извршува со сопствен транспорт организаран од самиот центар за нарачки, до било која адреса во рамките на државата.

Во центарот за нарачки се изложени најатрактивните и најпродаваните мебели од ИКЕА и истите се достапни за директна продажба во големи количини.

Благодарение на соработката помеѓу тимот на odIkea и централниот склад на ИКЕА во Дортмунд, оdIkea може да одговори на сите побарувања од страна на клиентите и во своите идни планови најавува отварање на центари за нарачки и во други градови во целата држава.

Линк до сајтот odikea.com.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Во живо од „отварањето“ на плажите во Грција: Корона вирус, што беше тоа?

Редакција

(Видео) Уапсен дилер на дрога, кој 15 години лежел затвор за истото дело, ќе му биде запленет имот вреден над 600.000 евра

Редакција

(Видео) Снимател на ТВ 24 физички нападнат од сопственикот на куќата, која е пријавена за престојувалиште на Онишченко

Редакција