еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Производството на струја се зголемува, се вложуваат напори да не поскапи, велат од ЕСМ

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски одржа брифинг со новинарите со најнови информации од работењето на компанијата и енергетските случувања во државата.

Тој нагласи дека се прават максимални напори од сите енергетски чинители и институции за да не дојде до покачување на цената на електричната енергија од 1 јануари.

„Производството на електрична енергија од АД ЕСМ е стабилно и во пораст, а се намалува набавката на енергија. Во изминатото деноноќие произведени се 16.340MWh електрична енергија.

Во текот на 2022г, заклучно со 13.12., произведени се 3.517.470MWh, со што продолжува трендот на зголемување на производството споредено до лани и до крајот на годината се планира натфрлање за 25% споредено со 2021г.

Во текот на вчерашниот ден преку ЕСМ продажба набавени се 850MWh.

Набавената количина е наменета исклучиво за дополнителните снабдувања по одлуки на Владата кои беа пред се донесени како енергетски мерки, додека домаќинствата и малите потрошувачи се задоволуваат исклучиво од сопствено производство,“ велат од ЕСМ.

Во моментот АД ЕСМ работи со сите капацитети во полн погон, освен блок 3 во РЕК Битола, за каде се очекува носечката единица од трансформаторот, и каде се инсталирани сите други делови во очекување за брзо стартување на блокот.

Набавен е јаглен од 600.00 тони за РЕК Битола, а привршува постапката за обезбедување јаглен и за РЕК Осломеј.

ТЕЦ Неготино работи со два котли и планирано е да произведува со максимален капацитет до 30 април. Количината на мазут потребна за работа на термоелектраната е обезбеден за до крајот на грејната сезона.

ЕСМ Продажба денеска почна постапка за набавка на природен гас за потребите на топланите за греење на градот Скопје за периодот јануари-април. Договор се очекува до крајот на декември.

Во однос на парното греење во градот Скопје, директорот Ковачевски информираше дека друштвата кои го работат делот на производство и снабдување со топлина целосно ги презедоа своите ингеренции во однос на испораката на топлинска енергија, воспоставен е нов билинг систем, сметките се испорачуваат и од следниот месец ќе почне изедначување за испорака на сметките во вообичаениот термин во месецот. Набрзо ќе се овозможи онлајн плаќање, за што привршува инсталирањето на софтверот.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Апелација ја укина првостепената пресуда за „Организатори на 27 Април“, случајот вратен на повторно судење

Редакција

Каков имот пријавила Наташа Поп Трајкова, новиот обвинител во ОЈО за гонење организиран криминал и корупција

Редакција

(Видео+фото) Големи пожари и на грчките острови Крф и Евија и на Пелопонез

Редакција