еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Прометот во индустријата лани зголемен за 13,5%

Прометот во индустријата во периодот јануари – декември 2022 година во однос на периодот јануари – декември 2021 година е зголемен за 13,5 отсто, во декември 2022 година во однос на декември 2021 година бележи раст од 3,9 отсто, а во декември 2022 година во однос на ноември 2022 година е намален за 19,1 процент.

Според Државниот завод за статистика, прометот во индустријата на странските пазари во периодот јануари – декември 2022 година е зголемен за 14,2 отсто во однос на периодот јануари – декември 2021 година, во декември 2022 година во однос на декември 2021 година бележи раст од еден процент, додека во декември 2022 во однос на ноември 2022 година е намален за 27,5 отсто.

На домашниот пазар, пак, прометот во индустријата во периодот јануари – декември 2022 година во однос на периодот јануари – декември 2021 е зголемен за 10,2 отсто, во декември 2022 година во однос на декември 2021 година бележи раст од 7,9 отсто, а во декември 2022 во однос на ноември 2022 пораснал за 11,8 проценти.

Вкупниот промет во индустријата во декември 2022 година во однос на декември 2021 година, бележи пораст кај Капитални производи за 5,7 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 17,2, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7,7 и Tрајни производи за широка потрошувачка за 7,1 процент.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во декември 2022 година, во однос на декември 2021 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1,4 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 16,2, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 9,2 и Tрајни производи за широка потрошувачка за 1,5 отсто.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во декември 2022 година, во однос на декември 2021 година, бележи пораст кај Капитални производи за 5,6 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 15,6, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 12,9 и Tрајни производи за широка потрошувачка за 19,8 отсто.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Бане Комерц Трејд“ купи акции во “Кристал 1923“

Редакција

(Фото) Елизабета Георгиевска, сопругата на претседателот Пендаровски елегантна на отворањето на новата сезона на Филхармонија

Редакција

Нови 450 случаи на Ковид-19 од 2.874 тестирања

Редакција