еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Промоција на книгата „Дневникот на една планинарка“ од Калина Велевска, девојката која со Александар загинаа на Кајмакчалан

Во понеделник на 11 февруари во 20 часот во бифе МКЦ ќе биде промовирана книгата „Дневникот на една планинарка“ од Калина Велевска.

„Станува збор за избор од текстовите што беа објавувани на порталот „Мис“, како своевиден дневник, а во кои Калина ги пренесуваше своите впечатоци од планинарските тури во Македонија, но и во соседните земји.

Калина Велевска (1990), дипломиран правник, вработена во Основното јавно обвинителство, трагично го загуби својот живот, заедно со Александар Миновски, на 10 февруари 2018 година на Кајмакчалан.

Книгата е во издание на „Репро принт“, издавачката куќа, која го издава и дневниот весник „Нова Македонија“, каде што Велевска еден период соработуваше како новинар-почетник“, се вели во поканата за настанот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На планинарската тура кон Клепа, ќе се садат садници во чест на загинатите Калина и Александар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Советот на јавни обвинители не утврди грешки во работењето на обвинителката во случајот со сообраќајната несреќа кај Млечен

Редакција

Сите детали: Завршен увидот, следува истрагата за уривањето на авионот на Солунска Глава

Редакција

Почина генералниот директор на Реплек, Душан Туџаров

Редакција