еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Пронајден машки труп во водите на Вардар, утврден идентитетот

Машки труп е пронајден утрово во водите на реката Вардар, кај Пешачкиот мост во близина на здравствена установа. По преземени активности е утврдено дека станува збор за Ј.Ш. (88), за кого на 15 октомври 2023 било пријавено дека се оддалечил од домот.

Од МВР информираат дека случајот денеска во 9.25 часот бил пријавен во СВР Скопје од случаен минувач.

Полициски службеници од ПС Карпош излегле на местото, а од страна на припадници на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје телото е извлечено од водите на реката. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

По наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 1.465: Нови 23 случаи на заболени со коронавирусот

Редакција

Раст од 13,3%: Минатата недела 17 лица починале од Ковид-19

Редакција

Германец пронајден починат во хангар во Скопје

Редакција