еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Пронајдени траги од експлозив: Гасоводите Северен тек 1 и 2 биле цел на саботажа, потврди Шведска

Шведскиот обвинител кој ја води истрагата за оштетувањето на гасоводите Северен тек 1 и 2 потврди дека се работи за саботажа и рече дека се пронајдени траги од експлозив.

Обвинителот Матс Лунгквист рече дека сè е внимателно документирано.

– За време на истрагата на местото на злосторството што се спроведе во Балтичкото Море, беа извршени опсежни операции и областа беше внимателно документирана. Анализата што сега е направена покажува траги од експлозив на неколку пронајдени странски предмети.

Работата на напредна анализа продолжува со цел да се дојде до поцврсти заклучоци за инцидентот, рече тој.

Во соопштението понатаму се наведува дека „прелиминарната истрага е многу сложена и обемна“ и оти работата продолжува.

Во документот не се споменуваат имињата на осомничените, а се поздравува соработката на властите во Шведска со оние во другите земји. Соопштението завршува со тврдењето дека обвинителот во овој момент не може да даде повеќе информации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дански и шведски сеизмолози регистрирале силни експлозии во областите на истекување на Северен тек

Протекувањето на гасот во „Северен тек“ е чин на саботажа, велат од Европската комисија

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Идентификацијата на загинатите во несреќата во Бугарија ќе трае најмалку седум дена

Редакција

Од пожарот во ковид-центарот во Тетово спасени 12 пациенти, нема настрадани здравствени лица

Редакција

Курц: Северна Македонија сработи одлично на патот на евроинтеграциите

Редакција