еМагазин
Image default
Бизнис

Просечната нето-плата во ноември 29.130 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2021 година, изнесувала 29.130 денари, а во однос на ноември 2020 година, е зголемена за 5,6 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности (14,4  проценти), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (11,5 проценти) и Информации и комуникации (11,3 проценти).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот (3,9 проценти), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (3,5  проценти) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (2,9 проценти).

Како што информира ДЗС, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во ноември 2021 година, изнесувала 43.509 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најголем дел од прометот се остварува во трговијата, преработувачката индустрија со најголем удел во додадената вредност

Редакција

Државна ревизија: Зградата и земјиштето на Собранието без имотен лист

Редакција

На просечната плата и недостигаат уште 69 евра за да достигне 500 евра

Редакција