еМагазин
Image default
Бизнис

Просечната нето-плата во јули изнесувала 27.231 денари

Просечната нето-плата во јули годинава била 27.231 денар, додека бруто-платата изнесувала 40.640 денари. Според Државниот завод за статистика, во однос на јули 2019 година нето платата е поголема за 8,5 отсто, а бруто платата за девет проценти.

-Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование (12,7 отсто), Информации и комуникации (12,4) и Дејности на здравствена  и социјална заштита (12,3). Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (9,1 отсто), Уметност, забава и рекреација (7,1) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (6,6), наведува Заводот за статистика.

Во однос на бруто платата, зголемувањето се должи, пред сѐ, на зголемувањето во секторите: Образование (13,8 отсто), Дејности на здравствена и социјална заштита (12.6) и Информации и комуникации (12,2 процента). Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (9 отсто), Уметност, забава и рекреација (6,8) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (6,6).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Само една од 800 згради во скопски Карпош ги исполнува прописите за безбедност

Редакција

Максимовска – Поповиќ, член на УО на Комерцијална купи 100 акции на банката

Редакција

„Гласен текстилец“ бара да се повлечат новите антиковид-мерки за вработените во јавниот сектор

Редакција