Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај годинава изнесуваше 25 270 денари и е за 3,1 отсто поголема од мај 2018 година, соопшти Државниот завод за статистика.
Ваквото зголемување се должи, пред сè, на порастот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (10 %), Градежништво (7.4 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (7.2 %).
Зголемување на просечната месечна нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (16.5 %), Градежништво (3.9 %) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (3.6 %).
Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, во мај била 37.520 денари.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.