еМагазин
Image default
Македонија

Протестираа здравствените работници: „Револтот на граѓаните кулиминира поради крахот на системот“

Под мотото „Стоп за насилство врз здравствени работници“ денеска претпладне во кругот на Клиничкиот центар се одржа протест во организација на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари, како резултат на серијата напади кои се случија во изминатиот период врз медицинските работници од страна на пациенти и нивни роднини.

Тие проблемот го гледаат во политичката апатија, негрижата и инертноста кон здравствениот систем, кој, велат, континуирано пропаѓа.

„Последниве 30 години свесното и несвесното уништување на здравствениот систем кулминира. Близу сме до крахот на здравствениот систем. Револтот кај граѓаните кулминира и затоа овие секојдневни инциденти“, рече Ненад Лазаров од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари.

Тој исто така вели дека се свесни оти има некоректен однос на одредени здравствени работници. Прифаќаме, посочува Лазаров, дека проблемот е комплексен, дека постои и во нашите редови, но време е да бидеме заштитени, време е за подобрување на квалитетот на услугите за пациентите.

Неговиот колега Божидар Кочовски рече дека како здравствени работници бараат создавање систем кој ќе биде околу пациентот, ќе овозможи подобрување на комуникацијата со пациентите за да се превенираат тие несакани појави и да се слушне нивниот глас.

Тие бараат отворена дебата со властите за да ги адресираат своите проблеми.

Испорачаа пет барања – донесување закон за докторска дејност, итно спроведување и законско изедначување на напад врз медицинско лице со напад врз службено лице, полициско обезбедување на сите здравствени установи, особено во ургентните центри, вклучување на младите лекари во носењето на сите здравствени политики и задолжително организирање внатрешен систем на контрола на медицинските работници.

Не дадоа конкретен рок до кога очекуваат тие да бидат исполнат, но порачаа дека тој треба да биде кус, оти во спротивно ќе престанат да ја извршуваат својата работа.

Од Синдикатот на Клинички центар велат дека здравствените работници се со пациентите, а не против нив.

„Притоа тие мора да не почитуваат и да разберат дека не сме семоќни. Истовремено мора и вработебните во здравството да се потсетат на етичкиот кодекс, Хипократовата заклетва и не смеат своите нервози, фрустрации и замор да ги изразуваат кон пациентите во никој случај“, рече Горан Беговиќ претседател на Синдикатот на Клинички центар

Побараа 24-часовно обезбедување на секоја здравствена установа во земјава и видео надзор онаму каде што законските прописи дозволуваат.

Министерот за здравство, Венко Филипче кој даде поддршка на здравствените работници, истакна дека е потребно да се спроведе процес на враќање на довербата меѓу пациените и здравствените работници, да се упати порака дека со насилство не се решаваат работите.

„Со насилство не се решаваат работите. Сметам дека нема никаква логика да се крене рака кон здравствени работници кои деноноќно се борат за животите на најблиските. Сите тие пристапи се казниви и се предвидени парични, но и затворски казни. Преземавме конкретни мерки со МВР, ќе има мобилна патрола во регионот на стра градска болница, каде се случуваат најголем број инциденти, но и други места каде се третираат голем број пациенти“, рече Филипче.

Најави и дополнителни мерки кои ќе го унапредат статусот на здравствените работници, преку зголемување на плати, дежурства, услови во кои работат здравствените работници.

„Моето присуство овде е поддршка, затоа што ова е нешто што се случува со години наназад. Обезбедувањето треба да биде професионално. Минатата година година имавме обиди да обезбедиме некаква форма на професионално обезбедување со оглед на тоа дека обидите да се искористат вработебни од јавниот сектор беа неупсешни заради администравни пречки, сега се решивме за професионално обезбедување“, рече Филипче

Протестот следува по неодамнешните напади на лекари и медицински персонал во болницата „Свети Наум Охридски“ во Скопје, во Поликлиниката Драчево, а напади имаше и во Тетово и во Кавадарци.

МИА/Фото: Министерство за здравство

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе протестира и министерот Филипче: Здравствените работници на протест против насилството

АСМЛ го поканиja, Филипче прифати да присуствува на протестот против насилство врз лекарите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Нема починати од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Редакција

Европската Народна Партија не разговарала за исклучување на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Бидете максимално одговорни во претстојниот период на слави и прослави, апелира Филипче

Редакција