еМагазин
Image default
Македонија

АСМЛ го поканиja, Филипче прифати да присуствува на протестот против насилство врз лекарите

Асоцијација на специјализанти и млади лекари-АСМЛ на 13 септември упати јавен повик до министерот за здравство Венко Филипче да присуствува на протестот против насилството врз лекарите, а тој ја прифати нивната покана.

„АСМЛ упатува јавен повик до доц. д-р Венко Филипче, актуелен министер за здравство, специјалист неврохирург за цел живот, да го предводи протестот во среда, 18 септември во 11 часот, за подигање на свеста кај граѓаните и прекин на секој вид на насилството врз медицинарите со што прв ќе го иницира итното носење на Законот за докторска дејност во Парламентот“, се вели во апелот на АСМЛ.

Филипче позитивно одговори на поканата.

„Со дел од младите лекари се сретнав во текот на вчерашниот ден, јас верувам дека со останатиот дел од нивните претставници ќе се сретнам денеска зошто се повеќе здруженија и потврдив дека ќе присуствувам, меѓутоа ние преземавме низа мерки. Имавме средба во министерството за внатрешни работи, ќе ангажираме професионално обезбедување и патролна служба од полицијата околу старата градска болница“, изјави Филипче.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Апел од Министерството за здравство: Состојбата со Ковид-19 е стабилна, да останеме одговорни

Редакција

Илија Димовски: Нема да учествувам во ниту една нова фингирана битка, игра и пресметка во ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Нема дополнителни рестриктивни мерки, ситуацијата е мирна, дел од ковид центрите се затвораат, вели Филипче

Редакција