еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Протоколот носи промена на учебници и историски факти, вели Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во централниот дневник на телевизија Сител изјави дека во текот на преговарачкиот процес Бугарија не го затвора прашањето за македонскиот јазик.

-Пред да се случи таа вистинска меѓувладина, кога треба да се усвои преговарачката рамка, има еден дел каде што се вели воведни изјави од страна на македонската Влада и Европската комисија (ЕК), барем таму каде што стои дека двете држави ќе дадат унилатерални изјави, не знам каква унилатерална изјава ќе даде Македонија за македонскиот јазик кој што е кодифициран, стандизиран уште на третата конференција на Обединетите Нации од 1977 година во Грција. А, каква изјава ќе даде Бугарија? Зошто тоа не го кажат?

Еве и да има трета изјава, па ЕК да каже без разлика што да речеме Бугарија не го признава македонскиот јазик или има поинаков третман на истиот. Сите останати 26 членки немаат дилема дека тоа е македонски јазик, истакна Мицкоски.

Нагласи дека министерот за надворешни работи Бујар Османи на брифингот денеска изјавил дека ќе има промена на учебниците.

-Па се повикува на Самоиловото царство, итн., се повикува и на други измени кои што треба да ги претрпат учебниците за историја, а до вчера нели Протоколот не беше дел од преговарачката рамка, нели историјата не беше дел од преговарачката рамка, јазикот е чист, истакна Мицкоски.

Според него сето што го говорела власта се испоставило дека е лага.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Промена на учебниците, справување со говорот на омраза, нема реципроцитет за Македонците во Бугарија: Османи го престави Протоколот

Најчевска: Протоколот со Бугарија е страшен и понижувачки и неприфатлив

Сите детали: Објавен Протоколот кој Македонија го потпиша со Бугарија

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Црногорската полиција демантира дека во дискотека бил нападнат црногорскиот премиер Абазовиќ

Редакција

(Видео) Палестинците ја живеат втората „Накба„, илјадници раселени од нивните домови

Редакција

Што пишува во учебникот по географија, кој Македонија ќе треба да го менува согласно Протоколот со Бугарија

Редакција