еМагазин
Image default
Бизнис

Проверете дали како граѓани сте ДДВ-обврзници

Во Министерство за финансии денеска беше промовиран „Водич за подобро информирање на физичките лица за данокот на додадена вредност“, кој министерството го изработил заедно со Управата за јавни приходи и „Цивитакс група“ во која членуваат 14 граѓански организации.

Целта на Водичот е на едноставен начин да ги информира граѓаните дали спаѓаат во оваа група, како можат да се регистрираат за ДДВ обврзници.

Министерот за финансии Драган Тевдовски објасни дека мнозинството граѓани не се и не треба да бидат ДДВ-обврзници бидејќи платите, надоместоците на плати, бонусите и слично, не се предмет на оданочување со ДДВ.

„Немаат обврска да влезат во системот на ДДВ ниту оние кои дополнително од платата прават промет помал од еден милион денари на годишно ниво, односно 83.333 денари просечно на месечно ниво. Оние кои вршат промет повисок од ова треба да видат дали сите промети им влегуваат во прагот, бидејќи постојат ослободувања и олеснувања. На пример: изнајмување на недвижен имот за станбени цели не е предмет на оданочување со ДДВ, а исто така, не подлежат на оданочување со ДДВ и давање услуги (пример: ИТ, консултантски и слично) кон странство, како и средства од грантови“, рече Тевдовски.

Водичот може да се најде на веб-страницата на УЈП и во него можат да се најдат сите објаснувања.

Од соработката со граѓанските организации произлезе предлогот Министерството за финансии да подготви две измени во законот за ДДВ. Со првата подобро ќе се прецизира ослободувањето на образовната дејност во законот, и истата природно ќе се надополни и со научната дејност.

Второто се однесува на периодот за кој може да се изврши дерегистрација. Во моментов ДДВ обврзниците имаат обврска да останат во системот пет години по регистрацијата. На барање на граѓанските организации, ќе дадеме можност на доброволна основа лицето да може да се одјави по две години, доколку во нив има промет помал од еден милион денари и не остварил поврат на ДДВ.

Моментално лицата кои стануваат ДДВ обврзници се дел од овој систем во следните пет години по регистрацијата. Граѓанскиот сектор побара тие да имаат можност по две години да поднесат барање за исклучување од системот, доколку повеќе не ги исполнуваат условите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони вработува пет лица, плата до 25.023 денари

Редакција

Македонски телеком со намалена добивка во првите шест месеци

Редакција

ЗК Пелагонија со добивка во првите девет месеци од годинава

Редакција