Малопродажната цена на Еуродизел од полноќ се намалува за 2,50 денари, а на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 за 0,50 денари по литар.
За 2 денари поевтинува и Екстра лесното масло за домаќинство, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на Еуросупер БС 95 ќе биде 93,50, а Еуросупер БС – 98 ќе чини 96 денари за литар.
Еуродизел БС (Д-Е V) ќе се продава за 96 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство за 91 денари за литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,806 ден/кг и ќе изнесува 49,189 ден/кг.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.