еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Прв бесплатен агрегат за сите туристички агенции и нивните понуди

Започна со работа првиот агрегат за туристички агенции „Кајак.мк“. Цел на проектот е да го олесни начинот на пребарување понуди за патувања до одредени дестинации, но и да се дојде до превозници со редовни линии или изнајмување на превозни средства за приватни потреби.

На сајтот се објавуваат и вести поврзани со туризмот, каде покрај секојдневата лавина од информации, на корисниците им се овозможува и директен разговор со лицата кои работат на проектот, а кои може да им понудат корисни совети на посетителите.

Од „Кајак.мк“ велат дека платформата започнала како „пилот-верзија“ се со цел да согледат што е тоа кое треба да трпи промени, но и да ги слушнат барањата на патниците кои постојано пребаруваат. Најважни за нив се мислењата и очекувањата од самите туристички агенции.

Според нив, страницата е добро дизајнирана, но во престојниот период ќе бидат вметнати нови и свежи алатки за поедноставување при пребарувањето или советувањето.

„Она што е од исклучителна важност за патниците е „LAST MINUTE“ категорија, за која во моментов разгледуваме начин за имплементација во системот. Таа треба да биде ефикасна, брза и точна. Летото ни доаѓа, а со тоа доаѓа и доста работа. Не сакаме да ја изгубиме довербата на клиентите кои веќе стекнаа навики да пребаруваат исклучиво на Кајак, а според досегашната бројка на посетеност верувајте дека сме и повеќе од задоволни.

Агрегатот „Кајак.мк“ додаде и нова категорија наменета за превозниците, која во моментот постепено се ажурира. На почетната страна, може да се најдат сите ново и свежо објавени понуди од сите туристички агенции, а воедно и да се пребатуваат понуди по дестинации.

На инстаграм и фејсбук профилот на „Кајак.мк“ може да се забележат и доста фотографии и видеозаписи  од далечни дестинации, за кои како што вели тимот, се објавуваат со цел да создадат поголем интерес за далечни патувања.

Проектот може да го погледнете на: www.kajak.mk.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

dm дрогерие маркт распишува конкурс за иницијативи од областа на женското здравје

Редакција

Одвој момент за себе во Lisca за Black Friday

Редакција

Охридска пекара „Лихнида“ нуди леб и бели пецива бесплатно

Редакција