Во Албанија регистрирана е првата жртва заразена од новиот коронавирус.
Станува збор за 73-годишна жена од Драч, која починала од сериозни компликации, бидејќи боледувала и од други срцеви и белодробни болести.
– Седумдесет и три годишна пациентка со потврден Ковид -19 почина во 12:57 часот од сериозни компликации како резултат на неколку истовремени срцеви и белодробни заболувања. Боледуваше од други истовремени заболувања: хронична срцева инсуфициенција, СПОК, Nyha III, атријална фибрилација, хипертиреиза, соопшти Министерството за здравство во Албанија.
Починатата жена пред 15 дена се вратила од Италија, а беше хоспитализирана во болницата во Драч на 3 март.
Во Албанија, според Министерството, досега регистрирани се 12 случаи со коронавирус, вклучувајќи ја и починатата жена од Драч.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жена почина од корона вирусот во Бугарија
Бројот на заразени со корона вирусот во Грција се искачи на 99 лица
(ВИДЕО) Како се пренесува корона вирусот и како да се заштитите?