еМагазин
Image default
Бизнис

Првата делница од автопатот Скопје – Блаце готова до средината на следната година, најави Бочварски

Експропријацијата за првата фаза од изградбата на автопатска делница од Скопје до Блаце е целосно завршена и според динамиката на работа се очекува тој дел од автопатот да биде завршен до средината на следната година, а да биде распишан тендер за втората фаза, информира денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

На терен се во тек асфалтерски работи кои, посочи Бочварски, се одвиваат со одлична динамика.

Дополнително, се работи на ископи, канали и бетонирање на други објекти. Временските услови се добри што ни даваат оптимизам дека работите ќе продолжат позасилено и во следниот период, рече Бочварски при увид на активнсотите за израдба на автопатот.

Завршени се, како што нагласи, 48 проценти од работите на оваа делница, што е со проектирана вредност од 14,2 милиони евра.

-Како Влада веќе покажавме на терен дека сме силно фокусирани на модернизација на европските коридори, на економскиот развој на нашата земја и на регионалното поврзување заради одржување на економските релации со соседите, додаде министерот Бочварски.

Тој најави дека за втората делница на потегот од село Блаце до клучка Стенковец, којашто е во должина од околу 10,5 километри, до крајот на овој месец ќе се изработи проектот и ќе се даде на ревидирање.

Втората фаза, како што рече, ќе се финансира со заем од ЕБОР и инвестициски грант од ВБИФ. Ќе биде во вредност од 100 милиони до 120 милиони евра, а како што посочи министерот потребно е време за проектирање и за експропријацијата.

–Очекувањата се првата фаза од изградбата да заврши кон средината на наредната година, а да биде распишан тендерот за изградба и на втората делница, со што ќе се продолжи овој континуитет до самиот влез на Скопје, со што ќе бидеме задоволни со динамика, да доколку во средината на наредна година го распишеме тендерот имаме избрано изведувач во текот на 2022 година и за втората делница за изградба на овој автопат, рече Бочварски во одговор на новинарско прашање.

Како што посочи, намера е да изградат модерно автопатско решение, по сите меѓународни стандарди, безбеден за сообраќај со посебен инпут на подобрување на економските врски со Косово и зголемување на билатералната економска соработка.

-Косово е наш значаен трговски партнер, минатата година бележиме зголемување од преку триесетина проценти во вкупната трговија, така што изградбата на ова автопатско решение ќе даде дополнителен инпут во зголемување на трговските релации во иднина.

Затоа, за нас е многу важна оваа рута по Јадранската магистрала како значајна артерија за економијата, транспортот и извозот на нашите производи надвор од границите, рече министерот Бочварски.

Исто така, посочи, оваа делница е дел од Рутата 6 од сеопфатната СЕЕТО мрежа и е многу важна заради проширување на европските патни мрежи кон Западен Балкан.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, пак, потенцираше дека  автопатот Скопје-Блаце е важен проект за поврзување на нашата држава со Косово, кој е нашиот трговски партнер, но и со останатите земји на регионот.

Изведувачот на работите „Гранит“ и наздорот ГИМ информирале дека вкупниот прогрес на работите изнесува 48 проценти. Се додека временските услови дозволуваат ќе се работи интензивно.

Покрај асфалтирањето се извршуваат и геодетски работи како што се обележување или снимање на трасата на деловите каде што се изведуваат работите, односно каде што се врши ископ, а на главната траса се врши армирање и бетонирање на трапензи бетонски канали, заштита со бетонски слој, хидроизолација на горна плоча, информораше Рустеми.

Според министерот Бочварски, капиталните инвестиции во ресорот транспорт се одвиваат со добра динамика, а тој очекува дека до крај на годината тие да имаат одлична реализација. И следната година, истакна, ќе биде година на големи инвестиции во инфраструктурни проекти.

-Преку Министерството за транспорт подготвуваме нови проекти за водоснабдување, продолжуваме со реконструкција на локалните улици во сите општини.

Железницата и гасификацијата остануваат приоритетни проекти, модернизација на патната мрежа преку ЈП за државни патишта исто така останува примарен фокус за Владата, така што и следната година продолжуваме со силен инвестициски циклус во изградба на капиталните проекти, рече Бочварски.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Искористени само половина од „ваучерите за туризам“: Државна ревизија утврди низок степен на реализација на мерките во туризмот за време на пандемијата

Редакција

Македонските компании ќе може да учествуваат на НАТО тендерите

Редакција

„Телесмарт телеком“ го доби тендерот на АЕК за Интернет пристап вреден 156.000 евра

Редакција