еМагазин
Image default
Бизнис

ВМРО-ДПМНЕ поднесе 220 амандмани на Предлог-буџетот за 2022 година

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе околу 220 амандмани и ќе учествува на собраниската комисија за финансирање и буџет, на која денеска почна разгледувањето на Предлог-буџетот за 2022 година.

Ќе учествуваат и на пленарната седница на која ќе се носи буџетот, соопшти денеска на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

-Поднесовме околу 220 амандамни преку кои ќе се обидеме да интервенираме и да поправиме нешто што се уште може да се поправи. Поднесовме голем број суштински амaндмaни во сферата на енергетиката, образованието, здравството, животната средина, изјави Стојаноски, додaвајќи дека тие се произлезиени од потребите и барањата на граѓаните и од стручната јавност.

Изрази надеж дека власта ќе се охрабри, ќе дискутира за проблемите и предизвиците и оти ќе ги прифати нивните понудени решенија.

Одговарајќи на новинарско прашање, Стојаноски ја повика власта да ги прифати амандманите од опозицијата кои, како што рече, треба да решат многу проблеми и на тој начин да се подобри овој буџет.

Според него, буџетот во оваа форма како што е поднесен не ги задоволува потребите на граѓаните.

Посочи дека имаат поднесено пет амандмани кои ги зафаќаат загрозените групи граѓани, стопанството и економските субјекти.

– Веруваме дека не може да имате историски најголем буџет од 4,4 милијарди евра, да имате на прагот енергетска криза, а да немате планирано ниту едно евро помош за граѓаните и за стопанските субјекти, рече Стојаноски.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Владата за 2022 година предвидува капитални инвестиции од 37 милијарди денари, кои сметаат дека тоа ќе остане само на хартија.

Ова, како што велат, е буџет со буџетски дефицит од 4,3 отсто. Со овој Предлог буџет јавниот долг на земјава ќе порасне за околу 800 милиони евра односно на крајот на годината јавниот долг ќе биде на историски највисоко ниво од околу 66 отсто од бруто-домашниот производ (БДП).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Буџетот за 2022 година „тежи“ 4,4 милијарди евра: Еве за што ќе трошат нашите пари

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гранит ќе дели дивиденда

Редакција

Фондот за здравствено осигурување вработува 34 службеници

Редакција

Бензините поевтинуваат

Редакција