еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

Првата онлајн продавница создадена од лица со оштетен слух: Кошничка свежо овошје и зеленчук, полна со љубов и здравје!

Првата онлајн продавница создадена од лица со оштетен слух наменета за компании, од денес е достапна на интернет просторот во Македонија www.ovosen.mk

Проектот „Раце што зборуваат” преку кој беше изготвен првиот Веб речник на Македонски знаковен јазик продолжува со своите активности преку социјално претприемачкиот проект „Пет на ден” – Кошничка свежо овошје и зеленчук!

„Овој проект има за цел не само да ја подигне свеста за избор на здрава храна, туку е и социјално претприемaчки проект.

Целокупниот концепт е создаден и помогнат од лица со оштетен слух, кои се грижат овошјето и зеленчукот во овие кошнички да биде внимателно одбрано, спакувано и секогаш доставено свежо до компании кои сакаат својата општествена одговорност да ја покажат преку поддршката на овој проект.

На овој начин значително ќе помогнат да се подигне свеста во македонското општество за социјалната инклузија на лицата со оштетен слух на кои ние ретко помислуваме, а тие се тука и помислуваат секогаш на нас,“ соопштуваат од „Пет на ден“

Носители на проектот „Раце што зборуваат” се Здружението на глуви и наглуви „Тишина” – Карпош со поддршка на Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка и Меѓународната фондација “Борис Трајковски“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 297 случаи на Ковид-19, оздравени 180, починати две лица

Редакција

Дардишта од ДУИ се закани со војна

Редакција

(Видео) И Фатиме Фетаи ги бодреше македонските фудбалери во Италија

Редакција