еМагазин
Image default
Македонија

Првиот сет на податоци од Пописот, ќе бидат објавени утре

Пописот на населението, домаќинства и становите 2021 е прв попис по многу параметри – прв по речиси две декади, првпат во пандемија, првпат со комбиниран метод, прв на кој се попишува дијаспората и најважно од се, наспроти сите предизвици успешно завршен, вели директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски во интервју за МИА.

Тој вели дека е особено горд што овој попис е ефикасен, професионален и успешно спроведен и претставува темелен, точен и прецизен приказ и пресек на нашето општество.

Вкрстената анализа на сите податоци, Симовски, вели дека не остава простор за манипулација и кога располагате со сериозни бази на податоци преку кои неколкукратно правите проверка на прибраните податоци од терен, можноста за грешка е практично непостоечка.

Имањето на прецизни информации за реалната состојба на населението, ќе ѝ обезбеди на државата можност да креира политики, кои ќе можат подобро да одговорат на потребите на граѓаните и бизнисот.

Објавувањето на податоците ќе се одвива сукцесивно, по сетови на податоци.

Првиот сет на податоци што ќе биде објавен утре, ги опфаќа податоците за вкупното резидентно население, вкупното нерезидентно население, пол, возраст, етничка припадност, вероисповед, мајчин јазик и јазик кој вообичаено се зборува во домаќинствата, број на станови и број на домаќинства, а во месеците што следат ќе бидат објавувани сетови на податоци за образовните и економските карактеристики на населението, за становите, за домаќинствата, попреченост …

„За потсетување, комбинираниот метод како докажано најпрецизен метод за извршување на попис вклучува вкрстено анализирање на податоците од терен со податоците со кои државата веќе располага, а се вклучени во 9 регистри, односно бази како базата на државјани, регистар на население, базите на агенцијата за вработување, податоците за запишани ученици во основните и средни училишта, податоци од Управата за јавни приходи, односно податоци за личните доходи и плаќањата на персонален данок на доход, податоците за корисници на пензија по сите основи, податоци за лица корисници на социјални трансфери преку Министерството за труд и социјална политика, податоци од Управата за водење матични книги, односно податоци од матичните книги за родени, умрени и венчани лица, податоците од катастарот за недвижностите и секако податоците со кои располага и самиот Државен завод за статистика.

Тука сакам да потенцирам дека вкрстената анализа на сите овие податоци не остава простор за манипулација и своеволно толкување на податоците. Кога располагате со сериозни бази на податоци преку кои неколкукратно правите проверка на прибраните податоци од терен, можноста за грешка е практично непостоечка,“ вели Симовски во интервјуто.

МИА/Фото: Фејсбук/ДЗС

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Велес пет нови случаи на Ковид-19, двајца оздравени

Редакција

Навивачки групи отстранувале ленти од венците од бугарски претставници положени на гробот на Гоце Делчев, МНР го осуди инцидентот

Редакција

Филипче: Рано е да се отворат градинките, можно е таму да се зголеми трансмисијата на корона вирусот

Редакција