еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Публикација на ССНМ: Новинарите се во лоша социо-економска положба, потребно е подобрување на работничките права

Новинарите и медиумските работници се наоѓаат во лоша социо-економска положба, имаат потреба од подобрување на работничките права, на синдикално организирање и безбедност, а неопходни се и дополнителни мерки и активности за унапредување на родовата еднаквост во медиумите.

Ова се добиените резултати од истражувањето на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), објавени во публикацијата „Со заедничко дејствување до поголемо почитување на правата на новинарите и на медиумските работници“.

Истражувањето на ССНМ покажува дека новинарите и медиумските работници се наоѓаат во исклучително неповолна социо-економска положба и половина од нив размислуваат да ја напуштат професијата.

Исто така, новинарите и медиумските работници својата професија ја доживуваат како сигурносно ризична и стресна, а дополнителен висок ризик во нивната работа се и психолошкиот замор и стрес.

Нешто повеќе од една третина, односно 37 отсто од испитаниците, потврдиле дека примиле закани при работењето, од кои 36 отсто добиле закани посредно.

Како што се наведува во публикацијата, новинарите и медиумските работници најчесто добиваат закани на социјалните мрежи, а најчести извори на закани се сопствениците на медиуми и уредниците, публиката – читателите, гледачите, бизнис-заедницата, власта и политичарите, како и полицијата.

Главни причини за непријавување на заканите се недовербата во судството, полицијата и обвинителството, а дел од нив и поради чувството на страв и несигурност.

Новите дигитални платформи за јавно информирање, покрај позитивните аспекти, донесоа дополнителни притисоци врз новинарите и медиумските работници, како што се проширување на работното време и изложеност на онлајн-закани и напади.

Речиси една третина од испитаниците повремено добиваат барања за извршување работни задолженија надвор од работното време, а повеќе од една третина потврдиле дека работат над 40 часови неделно.

Во публикацијата исто така се наведува дека родово сензитивниот пристап не е целосно интегриран во работата на редакциите, во голем број медиуми нема внатрешни политики и процедури за вградување на родовата димензија и се потврдува потребата од дополнителни мерки, обуки и едукација на оваа тема.

Според ССНМ, потребни се засилени активности на медиумите – сопствениците/менаџментот, за подобрување на социо-економската положба на новинарите и на медиумските работници, во форма на различни социјални мерки, бенефиции, исплати на прекувремената работа, осигурувања од ризик, како и фондови за подобрување на стандардот на вработените во медиумите.

Особено важно е да се засили поддршката за безбедноста на вработените во медиумите, преку подготовка на информативни материјали, истражувачки студии на поспецифични случаи, тренинзи, обезбедување опрема, како и креирање и спроведување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Венко Филипче супермен

Редакција

Не се враќа во Струмица: Премиерот Заев денеска ќе поднесе оставка

Редакција

(Фото) Пендаровски со најголема доверба кај граѓаните, втор е Груевски, трет Мицкоски: Анкета на ИРИ

Редакција