На 18.05.2020 околу 19.10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„ЈНА“ во Куманово едно лице, кое управувало патничко моторно возило со непознати регистарски ознаки, испукало три куршуми од огнено оружје, информира МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово, при што биле пронајдени и подигнати три чаури. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.