еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Пуштена во сообраќај првата од четирите нови електролокомотиви

Железница Транспорт информира дека вчера официјално е пуштена во сообраќај првата од четирите нови електролокомотиви, откако претходно беше извршена контрола пред испорака во Н. Р. Кина.

„Производител на овие електролокомотиви е CRRC ZhuZhou Locomotives од Жужо, Н. Р. Кина. Вредноста на една електролокомотива изнесува  2 130 000 Евра, а средствата се обезбедени од страна на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Локомотивата ги помина сите тестови и добиен е ТСИ – Сертификат од страна на производителот, како и Дозвола за пуштање во сообраќај од страна на Управата за сигурност во железничкиот сообраќај“, се вели во соопштението од компанијата.

Од страна на Железница Транспорт направени се тестирања според тендерските барања на пругите низ државата, со што се утврди дека тестирањата го задоволија тендерското барање да повлече 1 600 тони на 17 промили.

Генералниот Директорот на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје, Орхан Муртезани за време на престојот во Н. Р. Кина, изјави дека согласно договореното предвидено е до средината на месец декември да пристигнат во Скопје и останатите три локомотиви.

Фото: Железница Транспорт

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарите одбиле заедничко одбележување на Холокаустот со Македонија

Редакција

(Видео) Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ продаден во дестина земји

Редакција

Доколку планирате да патувате во Италија: Штрајкот приземји речиси 1.000 летови

Редакција