еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Путин: Тежнеењето на Западот за доминација на светската сцена ја зголемува опасноста од судири

Западните сили со сите можни средства настојуваат да ја одржат доминацијата на светската сцена со што ја зголемуваат опасноста од избивање на судири, истакна денеска рускиот претседател Владимир Путин.

– Потенцијалот за избивање судири во светот расте како директна последица на настојувањето на западните елити со сите можни средства да ја одржат својата политичка, финансиска, воена и идеолошка доминација, рече Путин.

Рускиот претседател говореше во видео порака упатена до министрите за одбрана на земјите-членки на Шангајската организација за соработка и група поранешни советски земји.

– Тие (елитите) свесно предизвикуваат хаос и ја отежнуваат меѓународната ситуација, рече Путин во пораката која ја објави Кремљ.

Тој исто така го обвини Западот дека „ја експлоатира“ Украина и го користи украинскиот народ како топовско месо во судирите со Русија.

Путин постојано ја карактеризира војната во Украина, која Москва секогаш ја нарекува „специјална воена операција“, како судир меѓу Русија и Западот и ги критикува земјите кои воено и финансиски ја помагаат Украина.

Киев, европските земји и Вашингтон посочуваат дека Москва со циничната агресија на проевропската соседна земја се обидува да освои големи делови од Украина и да го симне од власт нејзиниот претседател Володимир Зеленски.

МИА/Фото: Кабинет на Путин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Го советувал и Груевски: Кој е Азир Алиу, кандидатот за министер за информатичко општество и јавна администрација на Алијанса за Албанците

Редакција

Учебната година ќе почне на 1 септември, досега вакцинирани околу 60% од кадарот

Редакција

Првпат во историјата на Ватикан: Папата именува жена на две високи позиции во дикастерија

Редакција