еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Путин: Западните санкции се опасност за целиот свет

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека западните санкции наметнати кон Москва се кусогледи и претставуваат опасност за целиот свет, кој, како што оценува, сè повеќе се врти кон Азија.

Говорејќи на Источниот економски форум во градот Владивосток, Путин рече дека Западот ги поткопува глобалните економии со „агресивен“ обид да ја наметне својата доминација во светот.

Путин истакна дека руската економија се справува со, како што ја нарече, финансиската и технолошката агресија на Западот, но тој призна дека има потешкотии во некои индустрии и региони.

Рускиот лидер нагласи дека компаниите кои зависат од европските суровини имаат потешкотии во водење бизнис. Путин рече дека Москва направила сè за Украина да може да извезува жито.

Според него, постои можност проблемите на светскиот пазар на храна да се продлабочат и оти се наѕира хуманитарна катастрофа.

МИА/фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите претходни заболувања кај пациентите со коронавирус во Македонија

Редакција

4 лица биле на возраст од 30 до 49 години: Минатата недела 97 лица починале од Ковид-19

Редакција

Приведен и таткото на убиената Вања, три лица се во притвор, едно е недостапно

Редакција