еМагазин
Image default
Балкан

Радев со критики до Владата на Борисов дека не направила доволно да ја претстави позицијата кон Македонија на западните партнери

Бугарскиот претседател Румен Радев упати критики до Владата во Софија дека не направила доволно да ја претстави позицијата на Бугарија за Северна Македонија на западните партнери, јави дописникот на МИА од Софија.

Тој на прес-конференција, на која даде отчет за сработеното во изминатите четири години од мандатот, изјави дека ќе се кандидира за втор мандат, заедно со потпретседателката Илијана Јотова.

-Изминатата година беше година на бурни и драматични настани, што го забрзаа текот на општествено-политичките промени кај нас.

Во таа турбулентна година институцијата претседател продолжи да ги брани интересите на Бугарите. Да биде коректив и последна бариера против незаконието и лобирањето. Да става на дневен ред на важни теми, да обединува околу значајни каузи, рече Радев.

Според него, реалноста налага да има институции со јасни приоритети и предвидливост во своето работење.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повредени десетици демонстранти во протестите на Србите во северно Косово

Редакција

Продолжува масовната вакцинација во Србија: Во Врање досега вакцинирани 4.502 Македонци

Редакција

(Видео) Со летоци во Лерин и Серес се повикува на автономија на Егејска Македонија

Редакција