еМагазин
Image default
Локално

Радовишанка брутално претепана со секира од вонбрачен партнер, кој потоа бил пронајден мртов

На 30.10.2018 година во 20,20 часот во Полициска станица Радовиш, од Јавна здравствена установа Радовиш, било пријавено дека била донесена И.Д.(63) од Радовиш со тешки телесни повреди по што истата била префрлена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информиран МВР.

По преземени мерки, било утврдено дека околу 20,00 часот, во Радовиш на улица.„Калаузлиска“ во куќата на И.Д. дошол Ш.Х. (40), со кого истата претходно живеела во вонбрачна заедница, и по претходна вербална расправија, Ш.Х физички ја нападнал и со секира и нанел повреди, по што го напуштил местото на настанот.

Истиот ден околу 14,00 часот во Полициска станица Радовиш, лице од село Калаузлија, радовишко, пријавил дека во атар на село Раклиш, радовишко на место викано „Мршин Дол“, во „Мантово“ било пронајдено телото на Ш.Х.(40) од Радовиш, а по извршен преглед кај истиот била констатирана смрт, информира МВР.

Извршен е увид на местото на настанот, телото е предадено на обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настаните.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Кочани се враќа името на улицата „Маршал Тито“

Редакција

Санкционирани 448 возачи во Скопје, од кои 52 за пречекорена брзина

Редакција

Работници неможат да стигнат на работа: Сообраќаен метеж низ Скопје, приватните автобуси не возат, во тек реконструкции на неколку сообраќајници

Редакција