еМагазин
Image default
Македонија

Рашковски бара јавно извинување и најави тужба за Русковска

Поранешниот генерален секретар на владата, Драги Рашковски преку соопштение побара јавно извинување од обвинителката Вилма Русковска, која изјави дека имала притисоци за да се откаже од предметот „Софтвери“ во кој првообвинет е Рашковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русковска имала притисоци за да се откаже од предметот за Рашковски 

Тој бара да соопшти со име и презиме кој ѝ понудил да стане заменик јавен обвинител и унапредување за нејзиниот внук да биде избран во скопското Вишо јавно обвинителство во замена за запирање на истрагата за случајот „Софтвери”.

Во спротивно, како што порачува во соопштението, ќе биде принуден да поднесе тужба.

„Основните правила на комуникацијата налагаат дека секој човек има име и презиме, дека секој настан има време и место и дека секое опишано дејствие има причина и последица. Од овие правила произлегува дека секој оној кој нема одговор на овие три прашања, својот исказ може да го сведе само во категоријата на шпекулација и манипулација.

Не заради себе, туку заради јавноста која веќе две години ја труете со овој тип на обраќање кон неа вие мора да дадете одговор: Кој, со име и презиме, Ви понудил да станете заменик јавен обвинител и вашиот внук да биде избран во Вишото јавно обвинителство во замена за тоа да ја сопрете истрагата за случајот „Софтвери”, кога тоа се случило и на кое место и најбитно ако тоа се случило што е причината за тој настан, а уште повеќе зошто по, речиси, две години Вие дури сега кога Ве суспендираа комплет зборувате за истиот?“, се вели меѓудругото во неговата реакција.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СДСМ во вторник ќе предложи Резолуција за Илинден во македонското Собрание

Редакција

Ќе остане ли Мицкоски претседател: Инцијативниот одбор свика Вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ на 28 март

Редакција

За Џафери казната за играорецот кој постави албанско знаме, требало да биде поблага

Редакција