еМагазин
Image default
Бизнис

Раст на извоз во јули за 34,6%

Трговската размена во периодот јануари – јули 2021 година изнесува 9.440.427.000 евра, соопшти Државниот завод за статистика. Извозот достигнал 3.996.058.000 евра, што е раст од 34,6 отсто во однос на истиот период лани, а увозот е 5.444.369.000 или 34 проценти повеќе.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јули 2021 година, изнесува 1.448.311.000 евра.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-јули 2021 година, изнесува 73,4 отсто.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите за седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот.

Во увозот се најмногу застапени другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба, платината и легурите на платина, необработени или во прав и нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови).

Во периодот јануари-јули 2021 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, земјава најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Кина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Групата „Фершпед“ со загуба од 16 милиони денари за девет месеци

Редакција

Три понуди на тендерот за надзор на изградбата на коридорите 8 и 10

Редакција

Блок 1 на РЕК Битола попладнево ставен во функција

Редакција